Skip Navigation LinksПОЧЕТНА / услуги / советување
ДЕЛОВНО СОВЕТУВАЊЕ - КОНСАЛТИНГ

Советодавните услуги се состојат од голем опсег на услуги кои им помагаат на нашите клиенти во управување на своите бизнис модели во високо променлви деловни, законски и управувачки услови. 
Преку идентификување на важните прашања во однос на вашата стратегија и промените во управувањето, се трудиме да ви помогнеме во планирање, подготовка и развој на вашиот бизнис. 
Квалитетната услуга е основно начело на нашето работење, и е клучна во градењето на цврсти и долгорочни односи со клиентот. 

Бизнис планирање и консалтинг

Имате само една шанса да оставите позитивен прв впечаток кај инветиторите и кредиторите. Убедлив и атрактивен бизнис план, финансиски проекции, кратка презентаци и кратки елаборати можат да го направат вашиот пат кон финансирање многу пократок. Ние сме тука да ви помогнеме. 
Бизнис плановите кои нашите клиенти ги користат

Нашата професионалност и компетентност ја користиме да им помогнеме на нашите клиенти со изработка на квалитетни и издржани бизнис планови кои ќе помогнат идеите да им се остварат во стварност. 

Длабинска анализа

Битните одлуки за секоја компанија бараат опширни анализи на секој аспект од бизнисот. Длабинската анлиза е многу битна алатка кој може да се искористи во различни стадиуми од развојот на една компанија, од зачетоците на компанијата, понатамошниот нејзин развој, до окрупнување преку аквизиции и спојување. 

Нашите услуги во оваа област се детално испитување на сите релевантни аспекти во одлучувањето, според потребите на нашите клиенти.